Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2018

Венгер се збогува од ЛШ: Имаме друга грижа, како да победиме

„Топчиите“ вчера беа поразени во Брајтон со 2-1, што им е четврти неуспех во последните пет кола, па заостануваат со 13 бода зад четвртопласираниот Тотенхем на местото кое води во елитното натпреварување.

„Тоа е многу тешко, речиси невозможно сега, премногу заостануваме. Моментно имаме други грижи, како да почнеме да победуваме“, изјави Венгер.
Арсенал по двата убедливи порази од Манчестер сити во изминатите седум дена беше немоќен и против Брајтон, посебно во првото полувреме.
„Бевме пасивни, немаме самодоверба, тешки ни се нозете, но добро реагиравме во второто полувреме. Тешко е да се закрепне од она што се случи минатата седмица (два убедливи порази од Манчестер сити). Поминуваме низ тежок период“, додаде менаџерот на Арсенал.
Во следното коло Арсенал ќе го дочека деветтопласираниот Ватфорд, кој победи на три од последните четири натпревари.

Најнови вести