Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2017

Блан ја презема репрезентацијата на САД?

Соединетите Американски Држави доживеаја катастрофа и нема да играат на Светското првенство во Русија.

Брус Арена веќе не е селектор на американската репрезентација, а како негова замена најчесто се споменува Лоран Блан.
Поранешниот тренер на ПСЖ е слободен од летото 2016 година, кога на клупата на „светците“ го замени Унаи Емери.
„Можеби е време за нов предизвик, да преземам некоја репрезентација. Ќе видиме, секако ќе ја разгледам нивната понуда“, изјави Блан.
Сега изгледа многу далеку времето кога оваа репрезентација ја водеше Јирген Клинсман и кога некои дури ги сметаа за фаворити од сенка за многу висок пласман во Русија.

Најнови вести