Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Борусија Дортмунд: Пратете понуди за Обамејанг

Германскиот прволигаш ги повика најголемите и најбогатите европски клубови да пратат понуди за нивниот најдобар стрелец Пјер-Емерик Обамејанг.

Спортскиот директор на Борусија Дортмуна Ханс-Јоаким Вацке истакна подготвеност да преговара со заинтересираните купувачи меѓу кои се Манчестер сити, ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
„Ќе ги сослушаме сите понуди кога ќе дојдат, досега немаше ниту една официјална. Сакаме да изразиме благодарност на Обамејанг и да му излеземе во пресрет“, изјави Вацке.
Обамејанг има договор со Борусија до 2020 година, но клубот е подготвен да го пушти ова лето за сума од 70 милиони евра.
Брзоногиот напаѓач зад себе има уште една одлична сезона зад себе во која постигна 31 гол во Бундес лигата и стигна до титулата најдобар голгетер.

Најнови вести