Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

Монако: Мбапе слободен за 120 милиони евра

Килијан Мбапе, младиот играч на Монако, е вистинско откровение на светскиот фудбал, а европските гиганти ќе мора да платат рекордна сума доколку сакаат да го доведат.

Францускиот „Л’Екип“ пишува дека Монако на заинтересираните клубови им порачал дека ќе го пушти Мбапе ако добие понуда од 120 милиони евра, додека сите останати пониски ќе ги одбие.
Осумнаесетгодишниот напаѓач оваа сезона во сите натпреварувања постигна дури 23 гола, а намести 11, па не е чуден интересот на тимовите ширум Европа.
Во Лигата на шампионите блескаше со пет голови во нокаут-фазата, со што речиси самиот ги елиминира Борусија Дортмунд и Манчестер сити, додека во полуфиналето ќе има тешка задача против одбраната на Јувентус.
Мбапе ќе има шанса повторно да заблеска вечерва од 21 часот, кога во полуфиналето на Купот на Франција ќе се сретнат Монако и ПСЖ.

Најнови вести