Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2017

Давид Бабунски се пресели во Јапонија

Давид Бабунски, досегашниот фудбалер на Црвена ѕвезда, официјално стана нов играч на јапонскиот второлигаш Јокохама.

Младиот репрезентативец на Македонија на тој начин тргна по патот на Уго Виера, кој, исто така, оваа зима од Црвена ѕвезда направи трансфер во Јокохама.
„Од моментот кога слушнав дека Јокохама е заинтересирана за мене, веднаш почнав да го учам јапонскиот јазик. Многу сум среќен што можам да бидам дел од овој клуб и што ќе се запознам со јапонскиот фудбал“, изјави Бабунски.
Бабунски само година и пол беше член на „црвено-белите“, но кај тренерот Миодраг Божовиќ не успеа да се избори за голема минутажа.
Тој пред шампионот на Србија, играше во вториот тим на Барселона.

Најнови вести