Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2016

Германците тотално ја подмладија репрезентацијата

Има некои нови имиња на списокот на фудбалската репрезентација на Германија.

Јоахим Лев, селекторот на националниот тим на Германија, го објави списокот со играчи на кои смета за натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Сан Марино на 11-ти ноември и за пријателскиот натпревар против Италија четири дена подоцна.
На списокот ги нема: Озил, Драклсер, Џан, Трап, Ширле, Ројс, Белараби, Крамер, Ридигер, Сане... Лев изјави дека Озил го изоставил поради умор бидејќи играл многу натпревари во дресот на Арсенал, на три фронта, а Сан Марино не е премногу тежок противник, така што може да се одмори.
Најстари играчи на списокот се Марио Гомес со 31 година и голманот Мануел Нојер.
Списокот на репрезентацијата на Германија:
Голмани: Мануел Нојер (Баерн), Бернд Лено (Баер Леверкузен), Марк-Андре тер Штеген (Барселона).
Одбрана: Џером Боатенг (Баерн), Јаник Герхарт (Волфсбург), Јонас Хектор (Келн), Бенјамин Хенрихс (Баер Леверкузен), Бенедикт Хеведес (Шалке), Матс Хумелс (Баерн Минхен), Џошуа Кимих (Баерн), Шкодран Мустафи (Арсенал), Себастијан Руди (Хофенхајм), Џонатан Тах (Баер Леверкузен).
Играчи од редот за врска: Јулијан Брант (Баер Леверкузен), Серж Гнабри (Вердер), Леон Горецка (Шалке), Марио Гетце (Борусија Дортмунд), Илкај Гундоган (Манчестер сити), Сами Хедира (Јувентус), Тони Крос (Реал Мадрид), Макс Мајер (Шалке), Јулијан Вајгл (Борусија Дортмунд).
Напад: Марио Гомес (Волфсбург), Кевин Фоланд (Баер Леверкузен), Томас Милер (Баерн).

Најнови вести