Корисничко име Лозинка Пријави се
27.10.2016

Лавеци наместо Дибала на списокот на Аргентина

Едгардо Бауза, селекторот на Аргентина, го повика Езекиел Лавеци, напаѓачот на кинескиот Хебеј, во тимот за натпреварите во квалификациите за Светското првенство 2018 година.

Лавеци во тимот ќе го замени Пауло Дибала, напаѓачот на Јувентус, кој го повреди бутот минатиот викенд во италијанското првенство.
Во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Аргентина се наведува дека клупските лекари на Јувентус му препорачале на Дибала да мирува еден месец.
Лавеци за репрезентацијата нема играно од јуни и Купот на Америка, бидејќи закрепнуваше од повредата на лакотот.
Во репрезентацијата е повикан и Фернандо Белуски од Сан Лоренцо.
„Гаучосите“ на десетти ноември ќе играат на гостински терен против Бразил, а пет дена подоцна на свој терен против Колумбија.
Аргентина е петта на табелата во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2018 година со 16 бодови од десет натпревари и има пет помалку од водечкиот Бразил.
Уругвај е втор со 20 бодови, а Еквадор и Колумбија имаат по 17.
Првите четири екипи ќе се пласираат на Мундијалот во Русија, а петтиот тим ќе игра во баражот.

Најнови вести