Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2016

Шкендија брка победа за историски пласман во Лига на Европа

На вечерашниот натпревар Шкендија ќе брка заостанување од 2-1 против Гент и доколку успее во тоа, ќе биде првиот претставник од Македонија кој ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.

Вечерва на арената „Филип Втори“ Шкендија ќе има тешка и речиси невозможна задача да го елиминира Гент од Белгија за да се пласира во групната фаза на големото европско натпреварување.
Шкендија покажа дека може да се носи со белгискиот Гент, водеше во текот на натпреварот, но поради пад на концентрацијата во продолженијата на двете полувремиња, таа беше поразена.
Вечерва фудбалерите на тетовскиот клуб мора да нападнат, бидејќи потребна им е победа само од 1-0.
Доколку се пласираат во групната фаза, сопственикот на Шкендија им вети на фудбалерите премија од 500.000 евра која ќе си ја поделат меѓусебно, а капитенот Хасани изјави дека најголема премија ќе биде настапот во Лигата на Европа.
„Секоја премија е добредојдена, ние сме професионалци и играме за тоа. Но нема поголема премија, поголема мотивација од фактот дека можеме да играме во групите од Лига Европа“, изјави Хасани.
Натпреварот почнува од 20 часот.

 

Најнови вести