Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2016

Лестер: Остануваат Раниери, Варди и Марез

Англискиот шампион Лестер наводно ќе ги задржи трите клучни фигури во освојувањето на историскиот трофеј од минатата сезона.

Како што пренесуваат англиските медиуми, нови договори ќе потпишат менаџерот Клаудио Раниери и најдобрите играчи Ријад Марез и Џејми Варди.
Италијанскиот стручњак наводно ќе доби покачување на 3,8 милиони по сезона, а се шпекулира дека ќе добие и договор до 2020 година, со оглед на тоа дека актуелниот договор му истекува во 2018 година.
Што се однесува на играчите, Лестер секако мора значително да им ги зголеми платите бидејќи и Марез и Варди се на мета на најголемите европски клубови, а особено се зборува за Арсенал, Барселона, Реал, Јувентус...
Подобрување на договорите би требало да добијат уште Дени Дринквотер и Нголо Канте, додека договорот веќе го продолжи Марцин Василиевски.

Најнови вести