Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2016

Голден стејт на една победа до нова титула

Шампионот го совлада Кливленд на гостински терен со 108:97 и поведе со 3-1 во финалната серија.

По три натпревари и сè на сè 48 поени Стефен Кари постигна седум тројки и 38 поени за првиот пораз на Кавалирс во плеј-офот на домашен терен.
„Тој е Стефен Кари. Со причина е МВП. Нема големина и сила да доминира физички, па мора да доминира со своите вештини, а тоа не е воопшто лесно бидејќи шутевите не секогаш сакаат да влезат во обрачот. Но синоќа сакаа“, изјави тренерот на Вориорс, Стив Кер.
Клеј Томпсон додаде 25 поени, Харисон Барнс додаде 14 поени со 8 скокови, а Демонд Грин постигна 9 поени, 12 скокови, 3 блокади за новиот рекорд во плеј-офот со 17 победи и три порази.
Повторно одличен беше Андре Игудала кој освен стандардната одбрана додаде 10 поени со 6 скокови и 7 асистенции.
Кливленд кавалирс ја пропуштија можноста со +30 во третиот натпревар да стигнат до изедначување во серијата пред враќањето во Оукленд каде загубија со вкупна разлика од 48 во првите два натпревари.
Кајри Ирвинг постигна 34 поени, Леброн Џејмс го следеше со 25 поени 9 асистенции и 13 скокови, но загуби дури седум топки.
Не помогна дури ни враќањето на Кевин Лав кој како резервист постигна 11 поени, додека по 10 додадоа Тристан Топмсон и Џеј Ар Смит.
Петтиот натпревар е на програмата за вторник во 3:00 часот во Калифорнија каде Вориорс оваа сезона имаат постигнат ефект 50-3.

Најнови вести