Корисничко име Лозинка Пријави се
17.5.2016

Раниери најдобар менаџер во Премиер

Клаудио Раниери е прогласен за тренер на годината во Премиер лигата во изборот на неговите колеги.

Италијанецот го предводеше Лестер до сензационалниот триумф во првенството на Англија и изборот на Раниери за најдобар тренер е повеќе од очекуван.
Ова е второ признание на Раниери за најдобар тренер, бидејќи претходно победи во изборот ан англиската Федерација. 
Лестер на импресивен начин ја освои првата титула во историјата. „Лисиците“ беа поразени само три пати во сезоната и првенството го завршија со десет бодови повеќе од второпласираниот Арсенал.
Порано фудбалерите од Премиер лигата го изгласаа Ријад Марез од Лестер за најдобар играч во тековната сезона, додека неговиот тимски колега Џејми Варди доби награда за најдобар играч во изборот во Премиер лигата.

Најнови вести