Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
11.12.2015

Монако испадна од Лигата на Европа, Спортинг го исфрли Бешикташ

Фудбалерите на Спортинг го победија Бешикташ со 3-1 и во директен дуел и се изборија за пласман во следната фаза во Лигата на Европа.

Спортинг го исфрли Бешикташ од следното натпреварување и тоа покрај тоа што турскиот клуб ја држеше првата позиција во групата Х во пред последното коло, но го престигна Локомотив Москва со победата над Скендербег од 3-0.
Тимот од Лисабон постигна три голови за 11 минути, а стрелци беа Ислам Слимани, Брајан Руис и Теофило Гутиерез и така направија пресврт по водството на гостите преку Марио Гомес.
Покрај Бешикташ, најголемото име кое е елиминирано во групната фаза на Лигата на Европа е Монако, кој доживеа пораз во Лондон од Тотенхем со 4-1. Покрај лондонскиот клуб, понатаму ќе оди и белгискиот Андерлехт, кој на домашен терен славеше победа над Карабах со 2-1 во рамките на групата Ј.
Во групата Г, сè беше решено уште пред последното коло, а понатаму поминаа Лацио и Сент Етјен, кои играа во Франција и постигнаа резултат од 1-1. Днипро пак на свој терен беше сигурен во победата против Розенборг со 3-0.
Фиорентина со минимален триумф над Белененсеш го обезбеди местото во втората фаза, а стрелец на одлучувачкиот погодок беше Кума Бабакар. Фиорентина го зазема второто место со три бодови помалку од Базел, кој во последниот натпревар во групата И славеше на гостувањето кај Лех.
Пред последното коло сè беше решено и во групата К, но Спарта и Шалке беа сигурни на гостувањата. Спарта го победи АПОЕЛ Никозија со 3-1, додека пак Шалке беше уште поубедлив и славеше со 4-0 против Астерас.
Партизан не успеа да презими во Лигата на Европа бидејќи на свој терен беше поразен од Аугсбург со 3-1, па така германскиот клуб помина во следната фаза. Уште од претходно беше познато дека од групата Л понатаму оди Билбао, кој во последниот натпревар од оваа група одигра 2-2 со АЗ Алкмар на домашен терен.

Најнови вести