Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2011

Фудбалери на Аугсбург се тепале на „Октоберфест“

Минхенската полиција вчера потврди дека почнала со истрага за тепачката што се случи на „Октоберфест“ и во која, наводно, биле вклучени и фудбалери на Аугсбург.

Претставник на полицијата за германските медиуми рече дека сè уште не е утврдено колку лица биле вклучени во тепачката во неделата. Познато е дека едно лице е полесно повредено и дека поднело пријава поради напад.
До тепачката дошло откако неколку лица почнале да пеат навредливи песни упатени кон фудбалерите на Аугсбург, кои оваа сезона за прв пат во историјата играат во првата лига.
„Ќе помогнеме во истрагата на полицијата, но не можеме ништо подетално да кажеме поради процесот којшто е во тек“, рече портпаролот на клубот Доминик Шмиц.

Најнови вести