Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2015

Бордо четири месеци без Дијабате

Францускиот фудбалски прволигаш Бордо соопшти дека нивниот напаѓач Шеик Тидијане Дијабате поради повреда на коленото ќе мора да паузира четири месеци.

Дијабате поради повредата ќе отсуствува од Купот на африканските нации на кој на два од последните три турнири со репрезентацијата на Мали заврши на третото место.
Како што е соопштено на интернет страницата на Бордо, Дијабате по консултации со лекарите се одлучил да биде подложен на операцијата „која ќе биде клучна за успешно продолжување на неговата кариера“.
Дијабате сезонава е најдобар стрелец на Бордо и покрај тоа што не игра постојано поради хроничните болки во коленото.
Репрезентацијата на Мали сега треба да одреди замена за Дијабате за турнирот кој почнува на 17 јануари.

Најнови вести