Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2015

Стартува Лигата на Европа: 48 клуба на пат кон Базел

Новата сезона на Лигата на Европа стартува вечерва, со натпреварите од првото коло на групната фаза од натпреварувањето.

Вкупно 48 клубови тргнуваат во поход на трофејот, во кого од минатата година се наоѓа клучот за групната фаза на Лигата на шампионите, што е доволен мотив за секоја екипа.
Новата сезона во Лигата на Европа со себе носи и многу новитети според прашањето за брендирање, па е модифицирано логото на натпреварувањето, кое воедно доби нови препознатливи бои и други детали.
Сето тоа љубителите на фудбалот ќе имаат можност да го гледаат од 17-ти септември до десетти декември, кога на програмата ќе бидат натпреварите од групната фаза на натпреварувањето.
Финалето е закажано за 18 мај следната година на „Сент Јакоб парк“ во Базел.
Отворањето на сезоната минува во знакот на дуелот меѓу поранешните европски шампиони Ајакс и Селтик, минатогодишниот финалист Днипро игра против Лацио, додека внимание предизвикува и соочувањето на Бордо и Ливерпул.

Лига на Европа – двојки, прво коло
Група А
19.00 часот Ајакс – Селтик
19.00 часот Фенербахче – Молде
Група Б
19.00 часот Бордо – Ливерпул
19.00 часот Сион – Рубин Казањ
Група Ц
19.00 часот Борусија Дортмунд – Краснодар
19.00 часот Кабала – ПАОК
Група Д
19.00 часот Митјиланд – Легија Варшава
19.00 часот Наполи – Клуб Бриж
Група Е
19.00 часот Рапид Виена – Вилјареал
19.00 часот Викторија П’лзењ – Динамо Минск
Група Ф
19.00 часот Гронинген – Олимпик Марсеј
19.00 часот Слован Либерец – Брага
Група Г
21.05 часот Днипро – Лацио
21.05 часот Сент Етјен – Розенборг
Група Х
21.05 часот Скендербег – Бешикташ
21.05 часот Спортинг Лисабон – Локомотив Москва
Група И
21.05 часот Фиорентина – Базел
21.05 часот Лех Познањ – Белененсеш
Група Ј
21.05 часот Андерлехт – Монако
21.05 часот Тотенхем – Карабах

Најнови вести