Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2014

Ламин Сане ќе паузира седум седмици

Ламин Сане, капитенот на фудбалерите на Бордо, ќе отсуствува од теренот околу седум седмици поради операција на коленото, објави шесткратниот шампион на Франција.

Сенегалскиот дефанзивен играч се повреди пред еден месец на првенствениот натпревар против Евијан (2-1) и во Марсеј му е извршена операција, а лекарите потврдија дека неговото закрепнување ќе трае меѓу пет и седум седмици.
„Сенегалскиот фудбалер Ламин Сане ќе отсуствува од пет до седум седмици“, се наведува во соопштението на Бордо.
Клубот од покраината Жиронден одлично ја отвори сезоната и по осум одиграни кола, се наоѓа на второто место на табелата, со два бода помалку од Марсеј, а има три бодови повеќе од актуелниот шампион ПСЖ.

Најнови вести