Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

Пресвртница како од сапуниците – Малком во Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека постигна договор со Бордо околу трансферот на бразилскиот играч Малком.

Малком со Барселона ќе потпише петгодишен договор.
Според наводите на медиумите, Барселона за Малком на Бордо ќе му плати 41 милион евра, а Бразилецот денес ќе ги направи медицинските прегледи.
Оваа објава од Барселона стигна само по еден ден откако Рома соопшти дека Малком е блиску до трансфер во тој клуб.
Но, 21-годишниот Бразилец одлучи кариерата да ја продолжи во Барселона, по речиси договорениот трансфер во клубот од Рим.
Малком во Бордо дојде во 2016 година од Коринтијанс, а во дресот на тој клуб одигра 84 натпревари во Лига 1 и постигна 20 гола.

Најнови вести