Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2014

Американец од јануари на „Вајт харт лејн“

Англискиот премиерлигаш Тотенхем соопшти дека американскиот дефанзивен играч Деандре Једлин ќе му се придружи на клубот во јануари следната година, шест месеци пред планираното.

Клубот од Лондон во август се договорил со челниците на Сиетл саундерс за трансфер на Једлин на крајот на оваа сезона, но сега одлучил да го доведе порано за да има време да се адаптира.
Дваесет и едногодишниот Једлин летоска во Бразил стана прв американски фудбалер, роден во САД, кој заигра на Мундијалот.
Једлин десет пати играше за американската репрезентација, а неодамна беше прогласен за најдобар млад играч на САД оваа година.

Најнови вести