Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2014

Појет награден со нов договор

Уругваецот Густаво Појет со подвигот што го направи успеа да го остави Сандерленд во Премиер лигата - за што е награден со нов двегодишен договор.

Популарниот Гус во октомври минатата година ја презеде екипата од „Стадионот на светлината“ од Паоло ди Канио, па со фантастичната серија во финишот на првенството ги сочува „црните мачки“ во елитното друштво.
Сандерленд на крајот од натпреварувањето заврши на 14-тото место, извојувајќи четири победи во низа. Серијата ја почна против Челзи, потоа го совлада Кардиф, па Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ и на крајот Вест Бромич албион на домашен терен.
„Воодушевен сум од фактот дека потпишав нов договор, по неверојатната сезона и големото избегнување на Шампионат лигата“, изјави Појет.
„Стабилноста е фактор кој го тера клубот да напредува, а овој договор го прави токму тоа за Сандерленд и за мене. Направивме големи работи со заедничка работа, креиравме убави чувства, но сега сакам нешто ново. Сакам клубот да го подигнам на повисоко ниво и се надевам дека на тој пат можеме да создадеме уште поубави спомени“, додаде тренерот на Сандерленд.

Најнови вести