Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2014

Маран нов тренер на Катанија

Роландо Маран е новиот тренер на италијанскиот прволигаш Катанија, а на клупата го наследи Луиџи де Канио.

Педесетгодишниот Маран е поранешен тренер на Катанија кој го напушти клубот од Сицилија на 20 октомври поради слабиот старт во новото првенство, иако во претходната сезона го донесе клубот на осмото место од табелата со рекорден број освоени бодови – 56.
Де Канио беше сменет во четвртокот откако Катанија беше елиминирана од Купот на Италија од второлигашот Сиена.
Маран ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а го презема тимот додека е на последното место на табелата со само 13 бодови по 19 натпревари.

Најнови вести