Корисничко име Лозинка Пријави се
16.1.2014

Де Канио трет отпуштен тренер оваа седмица во Серија А

Италијанскиот фудбалски прволигаш Катанија го отпушти 56-годишниот тренер Луиџи де Канио по испаѓањето во Италијанскиот куп од второлигашот Сиена (1-4).

Тоа е трет врачен отказ на еден од тренерите во Серија А, откако во понеделникот беа отпуштени Масимилијано Алегри, тренерот на Милан, и Давиде Никола, тренерот на Ливорно. Од почетокот на оваа сезона во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал отпуштени се дури девет тренери.
Како што наведуваат италијанските медиуми, Де Канио ќе го замени неговиот претходник, Роландо Маран, кој ја водеше екипата до октомври минатата година.
Де Канио ја остава екипата на дното на првенствената табела, само со 13 бодови од 19 натпревари оваа сезона.

Најнови вести