Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2012

Милан ќе го откупи Макси Лопес од Катанија

Иако од доаѓањето на заем во Милан, Макси Лопес, фудбалерот на Катанија, не се наигра премногу во редовите на актуелниот шампион, неговиот агент Андреа Д’Амико смета дека тоа е задоволително за челниците на клубот од „Сан Сиро“.

Во Милан итно бараа замена за Антонио Касано, па во зимскиот преоден рок на шестмесечен заем со можност за откуп на договорот го доведоа Макси Лопес, аргентинскиот напаѓач на Катанија, кој порано го носеше и дресот на Барселона. Само во девет настапи за екипата на тренерот Масимилијано Алегри Лопес постигна еден погодок и две асистенции.
„Тој ќе остане во Милан бидејќи всо неговите игри, како и на тренинзите, покажа дека е вистински играч и шампион. Поседува физичка сила, квалитет и реализаторски способности, што се карактеристики кои денес не може лесно да се пронајдат во еден играч“, изјави Д’Амико за „Радио Ломбардија“.

Најнови вести