Корисничко име Лозинка Пријави се
08.10.2013

Густаво Појет нов менаџер на Сандерленд

Уругвајскиот фудбалски тренер Густаво Појет е нов тренер на англискиот премиерлигаш Сандерленд, кој минатиот месец му врачи отказ на контроверзниот Италијанец Паоло ди Канио.

„Анализиравме голем број кандидати и заклучивме дека Гус е вистинскиот човек за оваа работа“, изјави Елис Шорт, претседателот на Сандерленд, по објавата на веста за именувањето.
Според британските медиуми, четириесет и петгодишниот Појет доби задача да го спаси Сандерленд од испаѓање во понизок ранг на натпреварување, што ќе биде голем предизвик со оглед на тоа дека во првите седум кола од максимално 21 бод, освои само еден.
Појет, поранешниот играч на Тотенхем и Челзи, беше менаџер на англискиот второлигаш Брајтон сè до јуни оваа година, кога под непознати околности, за време додека гостуваше во телевизиска емисија, дозна дека добил отказ. Брајтон својата одлука ја објасни на тој начин што го обвини Појет дека го прекршил клупскиот правилник.

Најнови вести