Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2013

Кастратовиќ е отпуштен од РК Вардар

На денешната прес конференција пред дуелот со Нексе, првиот човек на клубот Сергеј Самсоненко објави дека е завршена соработката со Кастратовиќ. До назначувањето на нов тренер тимот ќе го води досегашниот помошник Андон Бошковски.

„Од денеска е прекината соработката со Зоран Кастратовиќ и по тоа прашање немам повеќе коментар. Мислам дека Зоран е одличен тренер и прекрасен човек, но одлуката е таа. Андон Бошковски е привремено решение за тренерското место и ќе ја води екипата во наредните мечеви“, објави Сергеј Самсоненко.
Претседателот на РК Вардар се осврна и на утрешниот натпревар со Нексе, нагласувајќи дека фокусот на екипата е на претстојниот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите што ќе се одигра на 13 октомври во Скопје.
„Мора добро да ги распоредиме силите и затоа дел од ракометарите нема да играат на утрешниот меч. Тимур Дибиров, Матјаж Брумен, Игор Карачиќ кој има полесна повреда, Алексеј Растворцев, Петар Ангелов и можеби уште 2-3 ракометари утре нема да бидат во составот за да можат да се одморат и да се подготват за мечот со ПСЖ. Нексе е добра екипа, тоа го докажува и резултатот од последниот натпревар со Металург. Токму затоа, сакаме да победиме и сериозно се подготвуваме за утрешниот дуел“, изјави Самсоненко.
Натпреварот Вардар – Нексе е утре со почеток во 20.15 часот во СРЦ Кале.

Најнови вести