Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Стоилов скрши коска во раката

Капитенот на РК Вардар ќе паузира еден месец

Во следниот период од неколку недели, ракометниот тим на Вардар ќе биде без својот капитен Стојанче Стоилов, кој има скршеница на коска во десната дланка. На вчерашниот меч со ПСЖ на турнирот во Стразбур, нашиот репрезентативец во дуел со Лука Карабатиќ ја повреди дланката поради што не настапи во второто полувреме.
Првичните лекарски наоди покажуваат скршеница, а подетални снимки ќе има по враќањето во Скопје. Сигурно е дека оваа повреда ќе го оддалечи неколку недели од терените, информираат од клубот.
Повредата на Стоилов доаѓа во незгоден момент, бидејќи тимот вака останува со само двајца кружни напаѓачи (Глеб Калараш и Рожерио Мораеш), а еден од нив е новајлија, на кој ќе му треба време да се адаптира на новите играчи и стилот на игра на новата екипа.

 

Најнови вести