Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2013

Абијати го продолжи договорот со Милан до 2014 година

Кристијан Абијати, голманот на италијанскиот фудбалски клуб Милан, денес го продолжи договорот со „росонерите“ до 2014 година.

На Абијати договорот му истекуваше во јуни, но управата на клубот одлучи да ја продолжи соработката со 35-годишниот чувар на мрежата.
„Многу сум среќен што ќе имам шанса да ја продолжам мојата авантура во клубот. Миланело е мојот дом“, изјави Абијати за италијанските медиуми.
Абијати во Милан стигна во 1998 година од Монца, а во текот на кариерата беше на заем во Јувентус, Торино и Атлетико Мадрид. Оваа сезона бранеше на 28 првенствени натпревари, а голот на Милан го чуваше и на седум средби на Лигата на шампионите.

Најнови вести