Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2013

Галатасарај ја освои 19-тата шампионска титула

Фудбалерите на Галатасарај со вчерашната победа од 4-2 над Сиваспор ја осигурија 19-тата турска шампионска титула на две кола пред крајот на првенството.

По два гола за Галатасарај во 32-то коло постигнаа Бурак Јилмаз и Селчук Инан, па славењето можеше да почне. Истовремено, неговиот најголем конкурент, Фенербахче, изгуби на гостувањето кај Истанбул со 2-0, па така Галатасарај на две кола пред крајот има десет бодови повеќе.
Навивачите на Галатасарај ги исполнија улиците на Истанбул во големата прослава која следуваше по средбата. Се слушаше свирење на автомобили, пеење на навивачки песни, а и палење на факли.
Фатих Терим, тренерот на Галатасарај, славењето на својата екипа го гледаше од трибините поради отслужување на казната од девет натпревари суспензија (поради навреда на судија). На Терим ова му е шести пат да ја освои шампионската титула во турското првенство.

Најнови вести