Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2013

Камерун без Асу-Екото против Того

Беноа Асу-Екото, левиот бек на Тотенхем, се повлече од фудбалската репрезентација на Камерун пред квалификациската средба за Светското првенство 2014 година против Того.

Причината не е повреда туку семејна, чии детали камерунскиот селектор Жан-Пол Аконо не сакаше да ги објаснува.
Претходно Аконо остана без повредените одбранбени играчи Дани Нункеј (Галатасарај) и Аурелијан Шеџу (Лил).
Камерун против Того ќе ги одмери силите во сабота, во Јаунде, додека во втората средба на групата И од африканските квалификации за Светското првенство во недела, во Киншаса ДР Конго ќе игра против Либија.
Либија ја предводи табелата на групата со четири бодови, додека ДР Конго и Камерун имаат по три по два одиграни натпревари. Того засега освои само еден бод.

Најнови вести