Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2012

Наместен натпревар во руската Втора лига

Пред еден месец стотина илјади евра се уплатени на прогноза дека натпреварот меѓу Петротрест и Химки ќе заврши без голови, што и се случи.

Точно еден месец по натпреварот меѓу Петротрест и Химки објавено е дека тој меч од шестото коло на Втората руска лига е сомнителен поради местење на крајниот резултат. Руските медиуми пренесуваат дека УЕФА ја известила руската федерација дека стотина илјади евра се вложени на облог дека натпреварот ќе заврши 0-0, што на крајот се покажа и како точен резултат.
Од Фудбалската федерација на Русија најавуваат дека сега е вистински момент за расчистување на сите малверзации во првенството. Во прилог на тоа потврдија дека и пред натпреварот примиле информации за сомнителни активности на овој меч, па и самите пратиле свои инспектори.

Најнови вести