Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2012

Затворени Олимписките игри во Лондон

Синоќа со пригодна манифестација наречена „Симфонија на британската музика“ и со неколку атрактивни кореографски точки и два и полчасовната програма со учество на некои од најголемите британски музички ѕвезди се затворени јубилејните триесетти Олимписки игри во Лондон.

Најуспешна спортска нација во Лондон се Соединетите Американски Држави со 104 медали, од кои 46 златни и по 29 сребрени и бронзени. Втора е Кина со 87 медали, 38 златни, 27 сребрени и 22 бронзени, а трет е домаќинот Велика Британија со 65 – 29 златни, 17 сребрени и 19 бронзени.
Четврта е Русија со 82 медали, 24 златни, 25 сребрени и 33 бронзени, а големата петорка ја комплетира Јужна Кореја со 28 медали - 13 златни, 8 сребрени, седум златни).
Германија е шеста со 44 медали (11, 19 и 14), седма е Франција со 34 (11, 11 и 12), следна е Италија со 28 (8,9 и 11), деветта е Унгарија со 17 (8, 4 и 5) и десетта е Австралија со 35 (7, 16, 12).
Вкупно 84 репрезентации освоија медали на Олимписките игри.
Следните Олимписки игри ќе се одржат во Рио де Жанеиро за четири години.

Најнови вести