Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2012

Кина води по бројот на освоени медали во Лондон

Кинеската репрезентација се врати на првото место по бројот на освоени медали на Олимписките игри во Лондон со 73 медали.

Кинезите имаат 34 златни, 21 сребрени и 18 бронзени медали на четири дена до крајот на Олимпијадата.
Соединетите Американски Држави го загубија врвот и имаат три медали помалку: 30 златни, 19 сребрени и 21 бронзени медали. Домаќинот, Велика Британија е трета на листата со 48 – 22 златни и по 13 сребрени и бронзени.
Јужна Кореја е четврта со 23 медали, 12 златни, пет сребрени и шест бронзени одличја, а петта е Русија со 48 медали, но само 10 златни, 18 сребрени и 20 бронзени.
Франција е шеста со 28 медали, од кои 8 златни, следена од Германија со 32 одличја, од кои 7 златни. Италија е осма со 7 злата и 17 медали вкупно, деветта е Унгарија со 11 медали и 6 злата, исто толку освоија и спортистите на Казахстан, но имаат само уште една бронза.

Најнови вести