Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2012

Алмунија во второлигашот Вотфорд

Мануел Алмунија, поранешниот голман на Арсенал, кариерата ќе ја продолжи во англискиот второлигаш Вотфорд, соопшти клубот од Лондон.

Триесет и петгодишниот Алмунија за Арсенал настапи на 175 натпревари откако во 2004 година дојде од Селта од Виго, а на 70 натпревари не прими гол.
Чуварот на мрежата не успеа да избори статус на прв голман во конкуренција на Војќех Шченсни и Лукаш Фабијански.
Вотфорд неодамна го презеде семејството Поцо, кое ги поседува Удинезе и Гранада, а првиот потег на новата управа беше доведувањето на славниот Италијанец Џанфранко Ѕола за тренер.

Најнови вести