Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2011

Роделин го засили Лил

Францускиот шампион Лил го донесе своето прво засилување за наредната сезона, а се работи за дваесет и едногодишниот напаѓач Рони Роделин, кој потпиша четиригодишен договор.

Роделин минатата сезона постигна петнаесет гола во петнаесет лигашки настапи за второлигашот Нант.

„Ова за мене е огромна шанса и многу сум среќен што потпишав за шампионот. Чувствувам дека направив огромен чекор напред во својата кариера“, изјави Роделин.

Се верува дека овој фудбалер е само прв во низата играчи коишто треба да го заменат репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо, кој минатата сезона со петнаесет гола и единаесет асистенции во триесет и пет натпревари го предводеше клубот до првиот трофеј по 1954 година.

Се шпекулира дека следна дестинација на Жервињо ќе биде Арсенал, со кого веќе од поодамна е во преговори.

Најнови вести