Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2012

Шевченко потпишал прелиминарен договор со ДЦ јунајтед

Украинскиот таблоид „Сегоднија“, кој во е во сопственост на Ринат Ахметов, сопственикот на Шахтар од Доњецк, ексклузивно извести за можна преселба на Андриј Шевченко во МЛС-лигата.

Украинскиот весник тврди дека 35-годишниот напаѓач на Динамо од Киев и на украинската фудбалска репрезентација потпиша прелиминарен договор со клубот од Вашингтон, ДЦ јунајтед.
Весникот наведува дека таму ќе игра за годишна плата од 4,5 милиони долари, лигашкиот максимум за којшто во Њујорк ред булс работи и Тиери Анри.
Украинската ѕвезда со тоа би требало да стане трето големо интернационално име на американскиот професионален фудбал, по пионерот Дејвид Бекам и споменатиот Французин Анри.

Најнови вести