Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2012

Чешка без Росицки против Ирска

Репрезентацијата на Чешка ќе одигра пријателски натпревар во Даблин против Ирска без својот капитен и фудбалер на Арсенал, Томаш Росицки.

Чехот во лондонското дерби против Тотенхем, во кое неговиот тим славеше со 5-2, беше стрелец, но го повреди грбот, поради што ќе мора да го пропушти репрезентативниот натпревар.
На местото на Росицки, селекторот Михаил Билек за натпреварот со Ирска го повика Јиржи Штајнер од Либерец.
Освен Росицки, за националниот тим нема да може да настапи ниту Роман Хубник, дефанзивниот фудбалер на Херта, а негова замена ќе биде Давид Лимберски од Викторија П’лзењ.

Најнови вести