Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2012

Луческу повреден во тешка сообраќајна несреќа

Мирчеа Луческу, шеесет и шестгодишниот тренер на Шахтар Донецк, е хоспитализиран во букурешка болница откако вчера доживеа тешка сообраќајна несреќа судирајќи се со трамвај.

Романскиот стратег претрпе тешки повреди на градниот кош и според неофицијалните информации, се здобил и со фрактури на ребрата.
 Главниот лекар на болницата во која е примен Луческу вели дека тој бил свесен во моментот кога го хоспитализирале.
 Тој бил зад воланот кога се случила несреќата, а со него во болница завршил и неговиот совозач, кој е исто така, повреден. Од клубот сè уште не даваат никакви подетални информации за состојбата на Романецот, а кога ќе се утврди неговата состојба ќе излезат со официјално соопштение.

Најнови вести