Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2012

Луческу: Не станува збор за играње на реми

Денеска ќе се расчисти ситуацијата во групата Е на фудбалската Лига на шампиони каде што засега, за осминафиналето, сигурен е само Шахтар. За втората позиција се борат Јувентус и актуелниот европски шампион Челзи.

Во подобра ситуација е Јувентус, кој мора во Донецк, на „Донбас арената“, да освои само еден бод и со тоа да обезбеди пробив меѓу шеснаесетте. Челзи мора да дочека и пораз на Јувентус, а и да го победи данскиот Нордсјиланд на домашен терен.
На големо веќе се зборува за можно реми меѓу Шахтар и Јувентус, бидејќи во тој случај задоволни би можеле да бидат и домаќинот (прво место) и гостинот (премин во осминафиналето), па на тоа коментираше и тренерот на украинската екипа, Романецот Мирчеа Луческу.
„Ете, знаев дека ќе дојде време кога ќе морам да одговарам и на вакви прашања. Не станува збор за договарање реми и точка“, рече Луческу и додаде:
„Ние во тој натпревар се бориме за прво место во групата, што носи, сепак, полесен противник во осминафиналето, но и за својот клуб. А, кога се игра за клубот, тогаш никогаш не играме на реми“.

Најнови вести