Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2012

Динамо од Киев го отпушти тренерот

Јуриј Сјомин, тренерот на Динамо од Киев, доби отказ еден ден по поразот од Шахтар од Донецк во фудбалскиот Куп на Украина.

Портпаролот на клубот Олексеј Семененко рече дека новиот тренер ќе биде именуван пред денешниот тренинг.
Семененко не сакаше да каже која е причината за отказот, но тоа следеше еден ден откако Динамо изгуби со 4-1 од Шахтар во Купот на Украина. Клубот од Киев минатата недела загуби од ПСЖ во Лигата на шампионите, исто така со 4-1.
Сјомин прв пат стана тренер на Динамо во 2007 година, а во 2009 ја освои титулата. Потоа замина во Локомотив од Москва, а во 2010 се врати во Киев, со кого во 2011 година го освои Суперкупот на Украина победувајќи го Шахтар со резултат 1-3.

Најнови вести