Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2018

Пелегрино нов тренер на Леганес

Аргентинецот Маурисио Пелегрино е нов тренер на Леганес, соопшти вчера шпанскиот клуб.

Поранешниот тренер на Саутхемптон потпиша едногодишен договор, а на клупата на Леганес го замени Асер Гаритано, кој минатиот месец го презеде Реал Сосиедад.
Леганес за Пелегрино е трет шпански клуб, а претходно 46-годишниот тренер ги предводеше Валенсија и Алавес.
Пелегрино минатиот јуни потпиша тригодишен договор со Саутхемптон, но беше отпуштен во март, по низата лоши резултати и една победа во 17 првенствени натпревари.
Леганес оваа сезона ја заврши на 17-тото место на шпанското првенство, со 14 бода од зоната на испаѓање. Екипата играше во полуфиналето на Кралскиот куп, откако во четврт-финалето го елиминира Реал Мадрид.

Најнови вести