Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2018

Реал со пресврт во Леганес се врати на третото место

Реал од Мадрид во гости со 3-1 ја совлада екипата на Леганес во заостанатиот натпревар од 16-тото коло на Примера лигата.

Унај Бустинза го доведе Леганес во водство само по шест минути игра, но Реал во продолжението направи пресврт и заслужено дојде до сите три бода во малото градско дерби.
Прво Лукас Васкез изедначи уште во 11-тата минута, Каземиро во 29-тата направи пресврт на 2-1, а конечниот резултат го постави Серхио Рамос во 90-тата минута од пенал.
Реал, кој играше без Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Тони Крос, ја постигна 14-тата победа од почетокот на шампионатот и сега е трет на табелата на Примера лигата со 48 бода, додека Леганес се наоѓа на 13-тото место со 29.
Прва е Барселона со 62, втор е Атлетико Мадрид со 55, додека четвртопласирана е Валенсија, која има 46 бода.

Најнови вести