Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Реал два месеца без Крос, ќе го пропушти Ел класико

Тони Крос, играчот за врска на Реал Мадрид, ќе паузира околу два месеца поради повреда на метатарзалната коска, соопшти шампионот на Европа.

Германскиот играч за врска повредата ја заработи во неделата, во победата над Леганес во Примера лигата, иако ги одигра сите 90 минути и со асистенција во финишот на средбата му помогна на Реал да слави со 3-0.
Крос поради тоа ќе ги пропушти најважните дуели со Атлетико и со Барселона, но и преостанатите два натпревари во Лигата на шампионите, против Борусија од Дортмунд и против Спортинг од Лисабон.
Тој е еден од најстандардните првотимци на кралскиот клуб со 16 одиграни натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.

Најнови вести