Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2017

Суарес подготвен за Леганес

Луис Суарес, фудбалерот на Барселона, од стартот на сезоната има проблеми со коленото и се очекува да се врати на теренот против Леганес викендот.

Уругваецот ги пропушти пријателските натпревари против Полска и против Австрија за да може што подобро да закрепне пред натпреварите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.
„Ќе бидам подготвен за натпреварот со Леганес“, изјави Суарес, кој се мачи и со формата на почетокот на натпреварувачката година.
Суарес одигра вкупни 161 натпревар за каталонскиот клуб и има неверојатен учинок од 124 гола и 73 асистенции.
Оваа сезона одигра 14 натпревари во сите натпреварувања, а стрелец беше само три пати. Во Лигата на шампионите на четири натпревари не постигна гол.

Најнови вести