Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2018

Венгер: Да го избегнеме Атлетико

Арсенал имаше незгоден реванш во четврт-финалето на Лигата на Европа во Москва бидејќи за малку ќе ја изгубеше предноста од 4-1 од првиот натпревар. Иако губеше со 2-0, на крајот беше 2-2, а Арсен Венгер, тренерот на „топчиите“, изјави дека има само една желба пред ждрепката за полуфиналето во Нион.

„Само да го избегнеме Атлетико Мадрид“, кратко изјави францускиот тренер.
Голема сензација и шок каков што ѝ приреди Рома на Барселона, а за малку и Јувентус на Реал, во Москва го спречи Дени Велбек со голот во 75-тата минута, а Арон Ремзи го постави конечниот резултат 2-2.
Покрај Арсенал и Атлетико, во ждрепката во Лион ќе учествуваат Олимпик од Марсеј и Ред Бул Салцбург. Ждрепката на програмата е денес од 13 часот.

Најнови вести