Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2017

Тотенхем без Алдервејрелд до крајот на годината

Тоби Алдервејрелд, дефанзивниот играч на Тотенхем, ќе биде надвор од теренот до крајот на годината поради повреда на задниот дел на бутниот мускул изјави Маурисио Покетино , менаџерот на клубот од Лондон.

Белгискиот репрезентативец беше стандарден во досегашниот дел на сезоната, а пропушти само еден натпревар во Премиер лигата, додека во Лигата на шампионите ги одигра сите четири.
Тотенхем моментно се наоѓа на четвртото место во англискиот шампионат со 23 бода, колку што има и Манчестер јунајтед, со заостанување од осум бода зад лидерот Манчестер сити.
Тотенхем викендов ќе гостува кај Арсенал, во големото дерби на северниот дел на Лондон, а до крајот на годината го очекуваат уште дуелите со: Борусија Дортмунд, Вест Бромич, Лестер, Ватфорд, АПОЕЛ, Стоук, Брајтон, Манчестер сити, Барнли, Саутхемптон и Вест хем.

Најнови вести