Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2017

Тренерот на Севилја со „логично“ објаснување за исклучувањето

Ливерпул и Севилја одиграа нерешено на „Енфилд роуд“ со резултат 2-2 во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а тренерот на Шпанците Едуардо Беризо во 60-тата минута мораше да оди на трибините бидејќи беше исклучен. Причина за тоа беше што двапати во текот на натпреварот ја фрлаше топката.

Четириесет и седумгодишниот аргентински стручњак заработи исклучување поради не толку вообичаен потег, а неговото објаснување зошто ја допирал топката е уште поинтересно.
Иако судијата Дени Макели го опомена во првото полувреме, тој таков прекршок направи и во вториот дел од играта.
„Се работеше за две различни акции. Во првото полувреме водевме, Ливерпул беше во контранапад и направив нешто погрешно. Ја оттурнав топката бидејќи сакав да заштедам време, да го запрам Ливерпул“, изјави Беризо, а потоа даде објаснување зошто го направил тоа повторно. Причините беа поинакви.
„Сфатив дека згрешив. Во второто полувреме губевме и се случи слична ситуација. Сепак, одлучив повторно да ја фрлам топката за да се искупам за она што го направив на почетокот на натпреварот“, изјави тренерот на Севилја по натпреварот.
„Направив нешто во спортски дух. Ситуацијата беше иста, но контекстот беше поинаков. Можеби некој мисли дека беше неспортски двата пати, но јас сакав да се искупам. Тоа му го објаснив на Јирген Клоп и тој ме разбра, но судијата имаше поинакво мислење“, додаде тренерот на Андалузијците.

Најнови вести