Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2016

Евра ќе го замени повредениот Курзава

Искусниот француски фудбалер Патрис Евра вчера е повикан во репрезентацијата за претстојниот натпревар со Шведска на местото на повредениот Лајвин Курзава.

Евра има 35 години, игра на позицијата лев бек и досега забележа 80 настапи за Франција. На Европското првенство летоска ги одигра сите натпревари за тимот кој дојде до финалето. По поразот од Португалија со 0-1 во тој натпревар, веќе го немаше во составот на националниот тим.
Селекторот Дидие Дешамп изјави дека во квалификациите за Светското првенство 2018 година смета на младите играчи. Но, Курзава има проблеми со препоните, па поради тоа Евра доби повик.
Франција игра против Шведска во Париз, а четири дена подоцна ја дочекува репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска во пријателски натпревар во Ланс.

Најнови вести