Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2016

Роџерс го доведе Туре во Селтик

Поранешниот играч на Ливерпул Коло Туре потпиша договор со Селтик на една година, објавено е на интернет страницата на клубот.

Менаџерот на шкотскиот шампион, Брендан Роџерс, добро го познава Туре од времето кога беше на клупата на тимот од Мерсисајд.
„Го доведов Туре од Ливерпул за да му помогне на тимот со своето искуство. Тој беше многу важен играч за Јирген Клоп, на крајот на минатата сезона играше во финалето од Лигата на Европа. Беше незаменлив на големите натпревари кога јас ги предводев ’црвените’. Туре може многу да помогне со младите играчи во тимот, но му треба нашата поддршка и мислам дека тој и Скот Браун убаво ќе се вклопат како тандем“, изјави Роџерс. 
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска за три години на „Енфилд роуд“, на 71 натпревар постигна еден погодок, а покрај Ливерпул играше уште и во Арсенал, Манчестер сити и во Мимозас.

Најнови вести