Корисничко име Лозинка Пријави се
17.6.2016

САД е првиот полуфиналист на Копа Америка

Репрезентацијата на САД е првиот полуфиналист на Копа Америка откако го порази Еквадор со 2-1.

Водството на натпреварот и припадна на репрезентацијата на САД во 22-та минута кога по асистенција на Џонс, Клинт Демпси постигна извонреден гол со глава.
Во 66-тата минута Зардес го зголеми водството на 2-0. Репрезентацијата на Еквадор до крајот на натпреварот успеа само да го намали резултатот на 2-1 преку голот на Аројо.
Репрезентацијата на САД во полуфиналето ќе игра против подобриот од Аргентина и Венецуела.

Најнови вести