Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2016

Брендан Роџерс на клупата на Селтик

Брендан Роџерс е поставен за нов менаџер на Селтик, објави шкотскиот шампион.

Тој на ова место ќе го замени досегашниот шеф на стручниот штаб Норвежанецот Рони Деила.
Роџерс е без клуб уште од минатата година кога го напушти Ливерпул, каде беше од 2012 година.
„Среќен сум што сум поставен за нов менаџер на Селтик. Ќе дадам сè од себе на навивачите да им донесам возбудлив и забавен победнички фудбал. Клубот е во одлична форма во последните години, а мојата цел е да продолжиме така, да останеме во врвот и да сториме нешто во Европа“, изјави Роџерс кој потпиша договор на една година.

Најнови вести