Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2016

Кутињо ќе паузира до февруари

Фудбалерот на Ливерпул, Фелипе Кутињо, ќе отсуствува од теренот до февруари поради повреда на задната ложа.

Еден од најдобрите фудбалери на „црвените“ се повреди на натпреварот со Стоук во Лига купот, поради што мораше теренот да го напушти уште во 18-тата минута.
Ливерпул има многу проблеми со повредите оваа сезона, а освен Бразилецот, надвор од теренот ќе биде и Дејан Ловрен, кој се повреди на истиот натпревар, како и Џордон Ајб кој се здобил со истата повреда на тренинг.
Сепак, менаџерот Јирген Клоп, истакнува дека повредите на фудбалерите се мали и не се сериозни, но никој од нив нема да биде во составот за денешниот натпревар со Екстер во ФА купот.
„Коло ќе може да игра од следната седмица, а Ловрен ќе се врати по натпреварот со Манчестер јунајтед“, изјави Клоп.
Клоп исто така од претходно не може да смета на Мартин Шкртел, Џордан Роситер, Дивок Ориги и Даниел Стариџ.
Завчера Ливерпул го комплетираше трансферот на младиот српски фудбалер Марко Грујиќ од Црвена звезда, но тој втората полусезона ќе ја помине во Белград и на новиот клуб ќе му се приклучи во јуни.

Најнови вести